седне св.

седне (св.)

Тие ќе го кренат оружјето и пак ќе нѐ турнат назад, ќе нѐ седнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седна на креветот и се прости со белината на ѕидовите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Дојди, седни, збор да прозбориме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Успеавме неколку да ставиме насреде и седнавме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој отпрво, зафатен со работа, не го забележа, но кога го виде зачудено ги покрена окалките: – О-хо, нашиот водоносец! – извика командантот весело, бришејќи си го со чисто бело шамиче замаглените стакла на окалките. – Каква чест! Седни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Седнаа да поручаат, ама нели беше многу мрсно јадењето, а питулиците и слатки од медот, та не им даде да јадат многу.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само ќе седнеше некаде од страна и го посматраше толку внимателно како да го испитува за да му изрече пресуда.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Трајанка сега си спомни за сето тоа и затоа и таа почна да плаче како и секогаш кога мајка ѝ ќе седнеше крај ковчегот и со зетовските чорапи во кои беше парата ќе почнеше да ѝ раскажува за нејзиниот добар татко.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На ливада шарена една баба Марта немо си седна дечиња се збираат принцеза ќе бираат. Се појави пчеличката Маја...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Влегов, се извинив за задоцнувањето; Фискултурецот рече да донесам писмено оправдание за доцнењето; рече дека сум целосно неодговорен; јас се согласив, и реков: „Добро, може ли сега, како неодговорен, да седнам?“ Тој покажа со раката и јас седнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седна на мувлосаното столче и на кружната ореова маса и ги распосла домашните колбаси и сушената сланина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потоа седна врз него, бришејќи си го потното чело, собирајќи здив, смирувајќи го своето возбудено срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Иако не беше седнат уште ниеднаш со мајсторите на скелето да ѕида, тој го имаше така научено мајсторскиот занает што немаше работа којашто сам не би можел да ја сврши.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Седнавме на една клупа покрај оградата и ги гледавме децата кои си играа на лулашките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си мислам дека и овој пат ќе ме седнат на малата трпеза со децата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седни... и барај ми го главниот интендант, потоа командантот на магацините со оружје... Ајде, врти!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тогаш мајка му запали едно парче свеќа и седнаа на подот да играат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе