сезнајко (м.)
Тоа не се баш истите песни и приказни што ги слушаше од дедо му – детското љубопитство денес го храни моќниот сезнајко телевизијата, и внукот, и покрај побелените влакна во косата, е понекогаш едноставно човечки немоќен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Формалното математичко мислење, значи, навистина може да осознае сѐ и ни нуди модели според кои сѐ може да се направи: така станавме сезнаечки и семожни.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Писателот на текстот веќе не е сезнаечкиот автор, оној којшто има директен пристап до вистината, туку место за средба на различни јазици/дискурси, искуства...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Психичко злоставување!“ – беше одговорот на професорката која сезнаечки и пркосно се насмеа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)