секидневен (прид.)
Тој е одамна секидневен посетител на берберницата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но исто беше јасно дека не може да се остане само на онаа секидневна потреба од исчекување.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Улицата, сива и безизлезна, беше оттргната од својата секидневна зачмаеност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сиромашен студент, свикнат со секидневно мизерување, тој почна да ги сеќава благата на животот баш преку шахот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Инаку, Анастасија кога не е зафатена со секидневните обврски и кога е вистински осамена најумешно ги средува тантелите на спокојството токму во спалнава.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Неочекувано му се стори тоа, му се јави како нешто сосем неиспитано, - а всушност сето си дојде наполно подготвено
од она негово секидневно гледање.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)