секојдневие (ср.)
Сѐ уште не може да го сака животот помалку од литературата, иако често барал дополнително задоволство во книгите (и читањето) во однос на своето немалку возбудливо секојдневие.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секојдневието може да се исполни со многу глупости и зафрканции.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не можеме да излеземе прочистени од загушливите и замаглени секојдневија и повторно во период од неколку неброени часови како неминовна нужност ќе ги заменам улогите, затоа што играта со сопствените чувства и мисли, а не ретко со другите ми причинуваше задоволство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Исти ликови пред очи што идат, исти глупости секој ден слушаме, гледаме, определени рокови и термини кои секојдневието го бришат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Бесконечноста на мигови е конечност
конечноста - бесконечност
кругот на Ѓаволот е
составен дел на секојдневието.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А улицата го живееше своето секојдневие.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Поглед на едни очи во една соба за двајца... солзи за да ми го измие лицето од секојдневието.. една прегратка за вечност за да ја чувам во себе себично додека дишам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Такво какво што е, да го прими таа еднаш како свое, да се соживее со него, како со даденост неразделна и дел од сето она што го осмислува животот, бездруго и пред неа ќе се раскриеше онаа неизмерна убавина на многувиденото, напнатото и страсно завојување на никогаш доволно неискористеното и никогаш несвршеното секојдневие! Барем тоа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Некои американски анализи покажуваат дека голем процент од американските деца не прават разлика помеѓу секојдневието и телевизиската стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тој е околу нас, го вдишуваме како воздух, живее со нас како наше секојдневие, од грдо се претвара во убаво, од карикатура станува естетска норма.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Луѓето живееја од свои и туѓи неволи и ги паметеа дробните настани, благодарени на судбината што понекогаш ја растерува сивата магла на секојдневието.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие што сакаат да филозофираат или имаат време за размислување покрај обврските што ги наметнува баналното секојдневие, често размислуваат за смислата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Порано бевме горди на јунаците од илинденско востание и на носителите на партизанска споменица, а денес ќе бидеме горди на скопската шмизла, која стана парадигма на нашето секојдневие.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Суровото секојдневие на балканскиот живот од тоа време не допираше многу до неа и нејзините малку постари сестри Христина и Пандора.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тој крик беше доказ дека освен тишината, освен заканувачкото пластење на снегот, освен секојдневието, постои над сето тоа, и нешто друго.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Амам: промена на смислата
Не кога ќе влезеш
и кога ќе те заплисне врел
и непроѕирен воздух
не кога ќе те поклопат
капките разлеани по ѕидовите
реата, мермерот, мрморењето
не кога ќе те обземе вртоглавица
зашеметеност од празнината
на амамот, полна пот, плот и пареа
не кога ќе те погоди како отсјај во сон
светлината подадена низ розетата
дозирано, од високо
не додека студеното сонце-иње
од карши ги облагородува
дрвјата, релјефите, порталите, фасадите
на сараите
туку
кога ќе потонеш гола во гротлото
ко крвава рожба во исцедокот од водолијата
тукушто прсната, за да може
да се слизне низ пенџерето
на животот
(на)право во царството на немилосрдноста
кога збунетото тело ќе помисли
дека секое друго место е подобро
ама ќе остане и понатаму - таму
без да се помести
кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување
од секојдневието, од агонијата на распадот
(целото е мислена именка, далечно минато)
кога ќе се престориш течен заборав
божји благослов
и ќе му се предадеш на телото мислејќи
си ѝ се предал
на психата
егзотичното прелевање на смислата
сѐ додека не се претвориш во
прелив како таков
кога ќе се испреплетат значењата
едни со други
и ќе се испретурат во кошницата
на светогледот
а ти ќе тргнеш во потрага по
почетокот
кога ќе сфатиш -
Бизант е капија во темните агли на памтењето
цела епоха е втисната како анатолиска крпенка
во обичните зборови од твојот мајчин јазик
во интимата на јазикот
и се спровира низ капијата
кон одаите и спалните
дома
кајшто по извесно време
по извесна стварност
потеклото се заташкува
сродството се изобличува
јазикот има свои потреби
како и телото
сфаќаш и тонеш во без-сознание
зад јазикот, отаде
нека почека
ако те чека ...
Истанбул, декември 2003
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И како по вакви бисери да поверуваш во секојдневието што ти се нуди, кога знаеш дека за твојата безбедност се грижи неспособниот инспектор Брок, дека твојот град го водат тројцата корумпирани свињолики одборници, дека твојата светла иднина ја одредува Министерството за истражување руди и губење време, а дека вистинското мерило на твојот транзиционен свет е пијаницата Суперхик, кој краде од сиромашните за да им даде на богатите?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ги пакував книгите и испишаните хартии, мојот кутар есеј остана незавршен. Поставени беа основните тези и дури некои од нив разработени за природниот амбиент и неговата поврзаност со секојдневието на луѓето.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)