семантички (прид.)
Секој збор одвлекуваше во непредвидлива семантичка стапица, од која не можеше да се излезе лесно.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Минуваа денови, месеци. Ми стигнуваа Мајкините писма, со необичниот латиничен ракопис, кои одразуваа поголема загриженост отколку што семантички можеа тоа да го означат зборовите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Потем двата лика се зафаќаат со темелни семантички расправи за културолошките консеквенции од вселувањето и припитомувањето на овие зборови во балканските јазици!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На моменти нагласуваше дека инаетот, поточно неговите балкански семантички варијации тешко би можело рационално да се објаснат бидејќи тој произлегува од ирационална состојба на духот, тешко се поврзува со здравиот разум.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Интерпретацијата реципиентот мора сам да ја оствари преку реконструкција и конструкција на конкретната семантичка структура според понудениот синтактички пример.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
Реалистички прецизната, избрусена реченица од андриќевска провиниенција се препознава и на семантичкото ниво на Бунар во кој тематски и стилски се мешаат одгласите на Селимовиќевиот Дервиш и смрт и Андриќевата Проклета авлија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оттука метафоричната преобразба, семантичката метафора Време на козите, значи метафора на човековата трагична судбина...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Камилски овој турцизам од арапско потекло го наоѓаше во балканските јазици и многубројните дијалекти со речиси константна семантичка основа, но и со дополнителни значења коишто се надоврзуваа на основното, не можејќи да имаат таква функција во придружните значења.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Свртувајќи се кон посовремени автори, решив да ја насочам антологијава кон нашите простори, па затоа вклучив уште еден расказ од поблиските средини, тоа е расказот на Милорад Павиќ „Чај за двајца“, инаку расказ кој може да биде занимлив за младата популација со развиена визуелна имагинација, со интерес за чудното, а не само чудесното, образована/воспитана информатички за комбинаторики, за една специфична игра на можното и неможното, за семантички пресврти и изненади; - Расказот на Павиќ, покрај расказот на Кортасар, на Борхес и на Маркес, спаѓа и во групата раскази кои ја најавуваат постмодерната, со нејзините фрагментарни комбинаторики кои и реалното го прикажуваат како нереално.1
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Именките стануваат семантички важни! Егзотична еднонасочност – пример – БОЗА: За разлика од бурекот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Исто како што равенките на големите германски филозофи, Ајнштајн, Хајзенберг и Планк ги сведоа Њутновите закони на ограничена употреба и ја растворија тврдата, молекуларно-атомска материја во бранови на електронската информација, Џојс и Пинчон и Бароуз ја разбија, со ласерска прецизност, граматичката структура и семантичката машинерија на стариот, класичен јазик на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Камилски инсистираше на посебната условеност и поврзаност на атерот и севапот, макар семантички антиподно поставени, потоа и на постојаната актуелност на рушветот и калаузот кај Балканците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако Татко, реферирајќи за овие зборови, му ги изложи основните податоци, за нивното присуство и попатни лексички и семантички метаморфози на балканските јазици, надоврзувајќи се со претходно третираните поими (ајде-јаваш, јаничар, зандана, кадија...), со кои беше во голема мера претставено владеењето на Османската Империја, рече: Отсекогаш владеењето најмногу зависело од табиетот на врвниот владетел, отколку од институциите под него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Видови графичко изразување Постојат листи (уредени низи редови, од коишто секој претставува семантичка единица; на пр. колекционерски каталози или ресторански мении), матрици (табела редови и колони со јазички, нумерички и други информации, што можат да се прегледуваат вертикално или хоризонтално), нелинеарно гледање (типографија карактеристична за новинските огласи), линеарно разгранување (дијаграми во форма на стебло) итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Моето двогодишно отсуство од штафелајните играрии е извесен тип на уметничка мимикрија во чија позадина е бавењето со феноменот на „синестезија“ како облик на енергетско- семантичка трансформација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Сложените зборови и изрази од два или од повеќе зборови можат да се пишуваат слеано, полуслеано или разделено, односно како сложенки, полусложенки или сложени изрази, синтаксички структури на тесно поврзани зборови по значење и по функција – синтагми.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
И така во листата на Хадок ќе се најдат многу проклети зборови, најмногу од нив ќе бидат од светската мерценерија (мамелуците, зуавите, француските легионери и други мерценери во светот), како што ќе се случи и со поимот башибозук и со семантичките метаморфози што ќе ги доживее низ времињата...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)