сендвич м.

сендвич (м.)

Куќата сега ми е само од хоризонтали така што јас во неа сум како парче месо што секој час може да се најде потиснато во сендвич.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Меѓу два Штраусови валцера сме како меѓу два залака од евтин хамбургер или сендвич од туна - никому не му е јасно како тоа меѓу два залака може да летне и да се проживее цела една живеачка.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ги редеше на штицата коцкестите резанки бел леб за сендвичи, ги премачкуваше со путер и од нив направи сендвичи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Меѓу два Штраусови валцера сме како меѓу два залака од евтин хамбургер или сендвич од туна - никому не му е јасно како меѓу тоа два залака може да летне и да се проживее цела една живеачка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сендвичите со плескавици беа од чисто мелено месо, првокласно, и ги служеа со салата од зелка, пржени компирчиња и една четвртина кисела краставичка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Само некои одбиваа да јадат. Најголемиот број подаваа раце за да добијат од сендвичите, кои во пунктот за исхрана ги имаше цели купови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мислам дека јадеа сендвичи со колбаси или со виршли, а кога ќе загризеа од сендвичот сместен во најлон- ќеса полната уста ја вадеа од најлонот каде што сендвичите беа заштитени и веројатно разговараа за мене бидејќи со главите покажуваа кон тремот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пославме шарено чергиче и Тета ја отвори плетената кошница во која имаше сендвичи, колачи, овошје и сок во термосот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Извади од ранецот два сендвича со маргарин и салама и откако се најадовме и се напивме вода од реката, дедо ми почна да ми раскажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Кој има пари ќе си отвори приватна ординација, кој нема, како мене, ќе дреме таму за ич пари. Само за превоз до работа, сендвич, цигари и толку.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеби малку невообичаено, но пражани имаат некои свои особености да собираат многу значки, кои се продаваат на секој чекор, и да пијат пиво со сендвичи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако го изеде сендвичот со жамбон и го испи пивото во кригла, се врати во книжарницата, се доближи до својот куп книги, ги однесе до касата да плати, веќе му беше означен попуст, односно книгите ги купи по набавната цена од страна на книжарницата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Брзо ги изџвакавме нашите сендвичи и излеговме надвор.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Летото е добро за кучињата скитници - и покрај новиот закон за јавна чистота луѓето што шетаа по плоштадот навечер фрлаа по некој недојаден сендвич или ќеса со оладени пуканки.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
На една маса шишиња од и со виски, шише ракија, празни лименки од кока-кола, празни кутии од цигари и кеси од сендвичи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Верувам дека од никаде, ама баш од глувотијата на оваа мирна улица се појави брат ми, рус и висок, во фармерки и кожена винтјага, и непоканет почна да зборува, неконтролирано мавташе со рацете, се закануваше, караше; за пет минути колку што ломотеше сигурен сум дека сѐ ми извади низ нос, па дури и сендвичот што набрзина го имав излапано во гадното шинобусиште.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе