сепетка (ж.)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таму по богослужбата седнуваа верниците и жените од накитените сапетки раздаваа за душа, за здравје и берикет; ја нема камбанаријата и камбаната виси на подгниена греда; на таванот го нема Пантократорот – Христос кој од горе со раширени раце бдееше и чуваше од лошо; го нема престолот и верниците ги нема...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но таа го одби, ги зеде алиштата во сепетката и си замина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)