сервилен (прид.)
Како можеме да веруваме дека сме значајни во овој сервилен свет. А само сме лајт-мотив за памфлет.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога му се приближи на половина метар, позиционирано некако отстрана, одеднаш и понатаму не тргајќи го погледот од него, како да се трудеше да има некој сервилен однос кон гостинот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Никако не му даваше можност тој да ја покаже својата толку многу голема готовност да биде сервилен, па мораше само да ја следи како некој виновник.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Да, беше налик љубов на учител кон ученик, како љубов на уметникот кон своето дело ... по малку надмена, горда, од друга страна сервилна, бидејќи во тој однос не знаете кој кого го поседува. Брутално посесивна ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Темата за „сервилни музи“ е вечна, комплексна и карактеристична не само за тоталитарните општества.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)