сериозност ж.

сериозност (ж.)

Неговиот предлог сите го примија со најголема сериозност но јас не се согласив.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Тишина! - викна комесарот. - Ама, најпосле, имајте малку чувство на сериозност и немојте да се смеете со народната помош...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама што беше беше - вели жената со сета сериозност со која располага - на твојата несреќа ѝ се виде крајот, идниот пат и ако дојде до страдања тоа ќе му се случи на друго ајванче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заради сериозноста на срцевиот удар Никодин беше префрлен на Кардиолошката клиника во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На сериозноста на започнатата тема настојуваше да ѝ даде ноншалантен и шеговит призвук.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
До колку Конференцијата не ја измени својата одлука - се вели понатаму во нотата - Силите би се нашле пред еден конфликт чија што сериозност би била поголема одошто сериозноста на преседанот што би се создал со менувањето на таа одлука.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Значи, за да се сфати сериозноста на делото на некој автор на рецепторот му е потребна стимулација или ако сакате, необична инспирација.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Понекогаш ќе се сретнувам со студентите. Ќе им расправам со фаталистичка сериозност измислена одмазда а тие ќе се смеат, ќе играат околу мене и ќе ме збунуваат со чудни прашања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Читачите си ги читаа книшките со сериозност на парламентарци.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ќе ја ставам под хипотека целата своја духовитост за да ги отплатам ратите, кога ќе те притисне сериозноста.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И со колкава сериозност треба да се толкува некоја намера што сме можеле да ја имаме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Укажа посебно на сериозноста на пишување проза - што бара трпеливо прибирање податоци, критички однос кон нив, формирање ликови, макотрпна деноноќна работа - некогаш на машина за пишување, а сега на компјутер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откако поминаа деновите на честитање, Рада уште еднаш се соочи со сериозноста на бракот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Трговецот со добиток како да беше изненаден од сериозноста со која зборуваше братот. – А ако не погодам?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сериозноста на сликите и скулптурите досега нудеа, меѓу другото, бегство од светот на хамбургерите и евтините магазини, а најповеќе од постојаната пресија на рекламите, филмовите и телевизијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наеднаш го слушна како се накашлува. Ѝ соопшти со нагласена сериозност: „Најголемите несреќи на луѓето им ги приредуваат недоразбирањата“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излегоа испрашени Алајко Ошев и Мире Ирчев, ја истресоа прашината од палтињата, ги стегнаа вратоврските, со трева ги светнаа чевлите и чантите, се искашлаа длабоко, се забришаа со шамивчињата, и се погледнаа со истата сериозност со каква и тргнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откажи се барем за една ноќ од својата маска на сериозност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Море арно што наврати – ја извлече негде однатре Блаже Ристевски сериозноста и ја обеси на лицето: -Рековме сандак а не ја спомнавме мерката. А на декоратерот му е потребна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе