сетики (прил.)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Белки ќе се најде доволно очај за вкусот на новите зборови и сетики оној олук на нашето старо место ќе престане севезден да тропа.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Така велел талмудот, сетики за луѓето кои пред да бидат смачкани не цутеле како цреши.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако имаше повторување сетики ќе се родеше некој нов Шекспир и ние немаше цели пет века да пиеме вода од ист бунар.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Натпреварот, како што гледате, продолжува, опуштањето и млитавоста се дозволени при вакво водство, а сетики не се земаат за големо зло и честите буричкања по сеќавањето како минатото да е сегашност и како спомените да се за најаска, а нам на Македонците, најголема најаска уште ни е меѓусебната пизма и само таа нѐ надживува сите нас.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Во нашите сетики има нешто останато, некои зборови, некои пораки, некои случки, сѐ е тоа наталожено во вашето памтење и кога тогаш може да ви послужи.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сетики убијците биле наши луѓе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Татко ми беше на тридневен пат до Љубљана и јас одлучив да се посоветувам со мајка ми, надевајќи се дека таа ќе знае да ми помогне на некој начин, зашто веројатно од тие нејзини книги за воспитување на децата од предпубертетска и пубертеска возраст, сетики нешто научила.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мислеше и во другите времиња да си го промени името, ама сетики одложуваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Сетики таква ни е судбината. На проклетството не можеме да му избегаме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега се стискаат тајни шеп-шеп шепотари и јавни вревачи по фудбалските натпревари - жив доказ дека сегашноста сепак му завидува на минатото, тука, каде што некогаш сетики врвел и Јане Сандански, со очила за сонце и со џепен саат закачен за реверот со сребрено синџирче, а зад него, се разбира, врвеле и тајни агенти кои му ставале сопки на времето кога ќе подзабрзало.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
– Јас мислам да се направите дервиши, или калуѓери како ги викате вие, и да ги прошетате тие злогласни села, сетики ќе можете нешто да исчепкате.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сетики со насмевка - таа е кратка како молња, но сеќавањето на неа е неминливо.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Најмалиот сетики прашува, сакал новинар, писател да станува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ај беља работа, си вели во себе Галилео и тргнува по друга патека: фреските во скопско Нерези не се ништо полоши од овие во Пиза, а таму сетики нема ѓаволи пред манастирските порти.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Додуша, пола од гужвата ја прават оние што придружуваат, ама овие луѓе сетики сами на доктор не можат да одат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Додуша, немам ни вака, ама сетики низ торбата расфрлани десетки и стотки, испревртена и стуткана понекоја илјадарка, низ документите, во џебот за мобилен и оној за клуч... значи сегде, само не во паричник.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па, кога ќе мериш за да го одбереш помалото од поголемото помеѓу пушач и пијач, на кантарот помалку тежи зависникот од никотин, а од понудените курвар и коцкар, подобар избор е љубовникот, кој сетики по некој пат ќе донесе некоја нова, научена умешност од понадвор дома, па ќе имаш и ти некој ќар, а не може до крајот на животот да биде тоа, за разлика од другиот, кој ќе испушта душа врз масата за рулет и на сто години или, во подобар случај, ти ќе му ги пополнуваш ливчињата за „спортска“ до крајот... дека помлада.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во советот влегува и потсовет дека долна облека или гаќи никако не се носат зашто кој тебе ќе те чека да се соблекуваш... значи паѓа во вода онаа старата дека, ако треба, леб нема да јадеш ама добри секси гаќи мораш да имаш, затоа што тие сетики и леб ќе ти донесат, нели. Ви текнува?
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)