сечко (м.)
На мајка си, која долго време не стануваше од постела, ѝ велеше: Твојата ѕвезда, мајко, ќе се затемни и ќе се смени во сечко.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од средината на сечко задуваа јужни ветрови, тивки и постојани, и еве до денеска, Свети 40 маченици, деветти март, сѐ уште не престанале.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во сечко се пресекоа корените на Колевци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Чемпресот е роден негде при крај на сечко, значи влегува во цутар, твојот месец.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Деветти, десетти?“
„На сечко, дваесет и осми сум запишан во дефтерите”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)