сигурност ж.

сигурност (ж.)

А и татко ти, иако го викнаа за сведок, не можеше со сигурност да потврди и да објасни кој бил човекот што поминал покрај него а со кого легнала кутрата Босилка во таа нејзина единствена ноќ и со единствениот нејзин случај на платена љубов.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повлекувањето кон старите традиции ќе биде актуелизирано, но таквиот импулс е импулс на очај и замислената сигурност и утеха ќе бидат од краток век.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не би знаел со сигурност да каже колку и какви чаши имаа, но сигурен беше во тоа дека имаа сервиси за секакви пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
(Таква сигурност, тоа подоцна го видов, во циркусот немаше; никој таму не можеше да ти гарантира дека, иако си извел една точка на трапез повеќе од петстотини пати, ќе ја изведеш и петстотини и првиот пат.)
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А второ, науката сѐ уште е немоќна да претскажува и за тоа стручњаците се претпазливи: никогаш со сигурност не тврдат дали ќе избувне или нема да избувне, зашто низ историјата се правеле многу грешки; за оние вулкани за кои тврделе дека нема да избувнат - избувнале и уништиле многу луѓе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Врската со сигурност сѐ уште не е утврдена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Уште помалку можевме да разбереме зошто Татко, пред секоја војна и преселба, за нас, децата несетум исчезнуваше, за да се појави непосредно пред самата опасност или по неа кога ќе оценеше дека не била преголема за сигурноста на нашето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во семејството беше изгубен поранешниот спокој, татковата сигурност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прегратката од моќни раце ѝ влеваше сигурност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се плашев за секој иден ден, треска ме тресеше од таквото однесување на големото преродено момчиште; јас со сигурност можев да претпоставам дека тој ѓаволски се преправа спремајќи се за иднината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вероника Костадинова е со сигурност градител на еден прекрасен метафоричен свет преполн со нијанси на чувства од кои можат да се изнедрат илјадници нови инспирации.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Поприродно беше да се постои од момент до момент, да се прифатат уште десетте минути живот, дури и кога со сигурност се знае дека на крајот следува тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби двете страни малку треба да се прилагодат, но сѐ се одвива во корист на оние што сакаат само сигурност и врамнотеженост.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе