сидро (ср.)
Жолто сидро, сина риба – со такви чудни месечини живееме Силвија Плат штиците крцкаат неподносливо крцкаат под тежината на одот мек рефлекторот со модра боја ги прелива пукнатините на левиот образ на животот на десниот образ на животот истекува остатокот од модрата боја на рефлекторот сенките се качуваат по левата страна на завесата и се спуштаат по десната страна на завесата на средината од сцената нашите усти нè голтаат со сласт што освојува публиката аплаудира безмилосно аплаудира безмилосно публиката безмилосно публиката аплаудира од другата страна на завесата во гледалиштето започнува долго очекуваната претстава
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Континенталната мисла беше и продолжува да е богат извор за сегашното феминистичко теоретизирање; токму проблемот со „ние“ може да го наруши Холандиното барање континенталната мисла да ја игра улогата на философско сидро, повеќе отколку што таа претпоставува.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тоа е сидро фрлено во експрес-лонец.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
А, ако ти е све преку Тасе, плус, рецимо, ти се свиѓа ова што е погоре кажано, па уште ако се пронајдеш себе си у мотивите на мојата маленкост – Митре Стрелата, ти си дефинитивно спремен да го дигнеш сидрото и да се запрашаш: „Бабо, бабо, а кај да се отиснам?“
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Кога љубовта ќе ве најде, пуштете го сидрото, спокојно легнете на нејзините гради, таа ќе ве чува, ќе ве храни, таа ќе биде вашиот мирен дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И потоа, се разбира, моите мисли се пренесоа на вашиот текст од Татковите книги, во кој пишувате за престојот на вашиот татко во Истанбул додека бил студент и за неговите долги прошетки крај кејовите на двата брега, азискиот и европскиот, во потрага по конечниот за да фрли сидро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И на галебовиот синур лежи назабената силуета на броодт, тукушто пуштил сидро.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)