силовит прид.

силовит (прид.)

По насипот веќе се спуштаа неколку бригадирци со количиња, јурејќи силовито еден по друг.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Таквата контаминација на угледниот филозофски дискурс со книжевен текст што се смета за соблазнителен или опсцен и меѓусебната контаминација на нивните различни правила или начини на пишување, можеа да се причинат како силовити - веќе при самото „обликување на страницата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше тоа едновремено и болка и пизма, и љубов и гнев, во секој случај Карер почувствува едно силовито зрачење од ликот на високосвештеникот што и него го ободри и го исправи на столицата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Недоброј од сиромашни занаетчии, наемни работници, ситни трговци, иако мноштвото го надвисуваше елита од духовници, интелектуалци, индустријалци, лекари, голем број школувани луѓе со силен јудејски идентитет, но и со искуства и погледи што силовито го внесуваа францускиот запад и неговиот дел од европските вредности.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Под тој нов, силовит притисок, впрочем како и другите европски земји, конечно потклекна и капитулира и Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- И јас велам така, - се согласува дедо Иван и тогаш почнува да расправа за руската силовитост во бојот, како го поминале Дунав кога ја ослободувале Бугарија: не знам колку илјади се издавиле, направиле мост од трупови за да мине другата војска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неколку минути подоцна силовито се отвара вратата на спалната соба и бупнува Фјодоровата глава; неишишана, неизбричена, црвена, со разгорачени очи и со уста спремна да каса. -Каде се моите пари!!!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)