симболистички (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
        
      
    
    
    
      „Елегии за тебе“
         од Матеја Матевски 
        (2009)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Заради нив тој метафизички коридор е отворен                      за поетската средба со смислата од која се раѓа симболистичката напнатост                      во модерното битие на стихот.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 26-28“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
        
      
    
    
    
      „Сите притоки се слеваат во моето корито“
         од Марта Маркоска 
        (2009)
        
        
    
    
   
   
         
	        