синовски (прид.)
Ова дело сведочи и за чинот на една возвишена синовска љубов која може да го трогне секого...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајка ова го протолкува како чудесен синовски гест и силно ги прегрна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но каде можеше да остане тој, ислужен железничар без ниедна синовска рака под мишка?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тие биле „сејачи на шовинизмот на ропската потчинетост, каде што младото поколение се труе и расцепува на бесно - непријателски шовинистички лагери... каде што се сее уважение кон оние котила на развратот, бескарактерноста и заблудата - Орта-ќои (Егзархијата - б.м.) и Фенер (Патријаршијата - б.м.)“; каде што се вдахнувало почит кон историските и филолошките „права“ на Бугарите, Грците, Србите и Романците; каде што се спроведувала љубов кон владата што не задушува и синовска преданост кон султанот „нашиот цар-татко“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го плени овој знак на синовска љубов, толку силно изразена кај овие суштества.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ти благодарам за големата синовска грижа што ја покажа кон мене...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)