синоќа прил.

синоќа (прил.)

Се запре пред огледалото и кога го виде својот лик, со потечени очи од спиење, со расчорлена коса траги од мармалад околу устата, останати од синоќа го исплази јазикот и му се искриви на својот лик.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Изморено седна во истата ложа во која седеше и синоќа со неа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бучавата за којашто дури сега стана свесен го потсети дека синоќа, кога си легна и се затаи да заспие, ја чу истата оваа необична бучава и ја слушаше сѐ додека не се сети дека таа доаѓа од реката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Утрото мајка му го прашуваше: - Што си барал синоќа под креветот? Те најдов таму заспан.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги отфрли од себе дебелите волнени черги, се наведна над огништето, го распрета од синоќа запретаниот жар, фрли врз него пет, шест суварки, раздува малку и го остави огништето да чади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот беше изгаснат, зашто синоќа не најде време, а и ниту помисли да го запрета.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
МЛАДИЧОТ: Ми се чини дека уште синоќа Ви расправив - сите мои беа заклани од Турците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Синоќа во него видов ѕвезда што паѓа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се обидував и синоќа барем нешто да сторам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Синоќа на кино. Сѐ воени филмови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но каде беше таа што го покани да дојде и која синоќа толку го трогна со исповедта за нејзиниот живот да не можеше да ѝ каже потоа зошто ја повика во својата ложа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А какви ли црнила оставиле зад себе волците што синоќа се сјатија на колибата?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мајката Роса од синоќа е во подрумите со момите и гуските, ама од кај исток, додека од оваа страна, на кај дворот, односно од кај влезот, има уште две празни места со ѕид раздвоени,само со празни дупки за врати и празни дупки за пенџериња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„И кучињата не заборавај ги“ - ѕвонеа во неговите уши упатствата од дедо му што му ги даваше синоќа, а и утрово кога се испраќаа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Застануваат на ќошињата од куќите и жолчно ги кинат летоците што се залепени на плакатите на кои до синоќа пишуваше: „Народе, откажете се од помагање на шумските голтари, кои се одметнале за да ви нанесат пакост и несреќи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Утредента солуњаните на улица го препознаваа, се вртеа да се уверат дали навистина тој е тој и повеќепати поединци застануваа, му се загледуваа в лице и му велеа, Еј, синоќа ве видов на телевизија!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе