синтаксички (прид.)
Математичкиот алгоритам ќе ги изрази формалните закони на симболизацијата, синтаксичките структури, независни од ова или она поединечно средство на изразување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Третата категорија, Преведувањето и лингвистиката, ги вклучува студиите кои својот интерес го ставаат врз компаративниот аранжман на лингвистичките елементи помеѓу текстот на ИЈ и текстот на ЈЦ, земајќи ги во предвид фонемските, морфемските, лексичките, синтагмичките и синтаксичките нивоа.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Станковски исто така не сакаше да менува ништо, ниту лексички ниту синтаксички.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сложените зборови и изрази од два или од повеќе зборови можат да се пишуваат слеано, полуслеано или разделено, односно како сложенки, полусложенки или сложени изрази, синтаксички структури на тесно поврзани зборови по значење и по функција – синтагми.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)