складиште (ср.)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Германецот убиен ноќеска крај бензиските складишта ја отвара устата и ја пее својата Лили Марлен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сојузничките воени сили особено имаат потреба да им се покажат складиштата и групирањето на непријателските трупи кое ќе се случи по прекинувањето на комуникациите.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
А, ме опкружуваа кутии од зејтин, прашок за перење, стоби-флипс смоки и чипс, сапуни и празни цедеа подеднакво прекрасни како и оние кои веќе го најдоа своето место во ходникот - складилиште.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се појавија и Бритиш-авионите, а артилеријата ни ги гаѓа магацините, складиштата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Новите telescreen технологии ќе создадат телекомуникациски врски за податоци, за да понудат пристап до информациските складишта односно до сајберсветот. И на кој начин можеме да го споредиме компјутерот со психоделиката?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Германецот бара да престанете со пеењето. Ноќеска го убиле брат му кај бензиските складишта. Заканува, ќе пука.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ова небесно складиште е нашиот изворен дом од кој сме нурнале во светот на измамливите феномени.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Му се чинеше и повисоко одошто е, кога уште ќе замислеше дека горе, изделено од рајата, е сѐ што вреди, седиштето на валијатот, уќуматот, беледието, а заградени од ѕидиштата се и сите големци на градов, нивните куќи и сараи, богатствата, анамите и слугите, а покрај нив војниците, магазите со жито, складиштата на муниција, топовите, ѓулињата, јаничарите и нивниот јаничарски началник, што го викаат коџа-ага, па јузбашата, церибашата, дури и спахискиот ќаја е тука, ама и големиот мула не може да биде надвор од ова место, зашто нему му даваат дваесет ќесиња годишно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со време, за сите различно
животот ќе се претвори во складиште на отсуства:
без зуење, без зборење, без пискот
нема пожар, нема татко
нема семејни пријатели
нема гости, нема милост
нема иднина
нема држава, нема ништо
нема како што познаваш...
нема, без, нема без
...
Твојот живот ќе биде пополнета празнина.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)