складно (прил.)
Едниот ќе поведе во својот утрински занес пречекувајќи го сонцето другите го следат во складно безредие и еден по друг се редат во устремот на денот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Геријатрија и педијатрија Кога куќата ми беше долу педијатрија, горе геријатрија, а живеев во убедување дека семејството многубројно ми е складно и полно со љубов, денот ми беше долг како три, а јас бев исполнета.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Една светска заедница што живее складно - се почитува себеси и се јаде.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Клучот има опсцен мизансцен.
Само тој може да ја гали складно
вулвата на вратата, топлиот премин меѓу
внатрешниот и надворешниот видик.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Цара беше убава девојка, стројна, со јадра става, со складно тело, со раскошни бедра, со здраво, свежо лице, пламнато како тутенка. Погледот ѝ беше опчинувачки.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
4. Трагикомедија
Оживи ја, словесно и складно
блажената насмевка, дамна исчезната
во истиот овој театар, Вишна Ведо
зашто нема спокој спознавачки
ни комичен ни трагичен
помор кајшто има, кобна кома
зашто комедијата не ја спасува земјата21
погром кајшто има
„зашто немам надеж, зашто надеж нема“22 да се врати мирот, таму кајшто култ е
на истребувањето слободата
таму кајшто омразата збувнува
како шумски пожар
на планински ветер и
вражји Уууххх
а нам ни треба смисла за стварност
и како да ја издржиме,
Божице!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
та ми вели се затвораш пред светот - нејзините очи остро ме гледаат - остри очи на долгнавестото лице што складно низ лебедевиот врат минува во стеблолико тело со тенки проѕирни раце-
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Уште на почетокот, кога во однесувањето на госпоѓа Мариела, при честите службени контакти, го проѕре кај неа чувството на наклонетост кон себе, Богдан не можеше да си објасни дали тоа беше резултат на своето, со оглед на годините (тој од госпоѓа Мариела беше помлад дванаесет години) нагласено љубопитство (ако тоа се читаше од погледите со кои тој шеташе по нејзиното високо, видно потполнето, со нагласени облини, но складно тело) или на решеноста на оваа жена со својот порив да направи баланс меѓу срцето и разумот и отсуството на сопруг за нормален живот да го надополни со разуздан одговор на страста која ја поседуваше и заради која еден млад човек беше подготвен да им се подреди на сите нејзини желби.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)