скришем (прил.)
За да не ми се смеат другарите и комшиите, скришем ќе го однесам дома и скриен ќе го држам и ќе си го гледам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Но во себе, некаде од своето дно, во онаа белина на својата будност, тој понесе од тука и еден скришем зачекан, оптегнат лак, исто како онаа исукана бичкија, висока и спремна секој миг да се вкопа во трупецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)