скрцка (св.)
Тогаш нешто скрцка на гредите и мајка рече дека тоа ангелот ја повел душата од татка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори,
небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му
излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа
памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка
нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле
чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти
после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе
си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема
веќе што да ми земе, може само животот или калта од
под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до
ножот од брат ми...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гоце скрцка со забите, уште еднаш цврсто го стегна кундакот од малихерката и извика: - Удрете на поробителите!
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со тешка мака, оти клучалницата беше древна, го стави клучот внатре и го заврте; како небесата да се отклучуваат, скрцка вратата, се отвори и јас му ја дадов светлината на Филозофот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Влегов, вратата скрцка, скрцка и мојата преплашена душа, и јас веќе следниот миг стоев пред масичката за препишување на Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)