слави (несв.)

Ако сакате и ако можете, славете го заедно со нас Христовото воскреснување и делете ја заедно со нас таа радост...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сигурно слават си рече и почувствува како му се надига нешто од градите и го дави во грлото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Понекогаш во тој звук се славеше и ѕвоното од старата црква во центарот на градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пиеше сега во својот стан и смуртено го славеше роденденот на својот гостин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Дете што расте, чиешто тело го тресат оргазмични ритми; чиишто чувства се изразени во химни што ја слават радоста на онанијата или убивањето родители; чијашто желба по слава и пари нашла свој пример во бисексуалниот музичар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но сега, повикувајќи ве да истраете во битките свои и да не потклекнете пред душманите што сакаат да ве нема од земјата ваша, сакам да ви го кажам ова: блажени се оние што го љубат името свое, та со делата свои го воздигнуваат, оти така го слават и Бога што тоа име според волјата своја им го дал.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како што со песна се слави раѓањето дете, како што со песна се слави партиска победа, како што со песна се славеше победата над англискиот фудбалски тим, како што со песна се славеше безвизниот режим, така со песна треба да се слави поместувањето на овие кобни минути, заради кои целата судбина на народот тапка во место...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Симболите на архитектурата ги слават и ги испитуваат прашањата на исчезнувањето и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Без ниеден испукан куршум во градот влезе грчката војска и славеше голема победа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По падот на сталинизмот и комунизмот во Албанија, името на чичко се најде на првите страници на листата на мачениците, беше постхумно одликуван и славен...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега очекувам да го видам нивниот лет и да го чујам нивниот кликтеж, кој ќе ме слави и прославува, кој ќе ме штити и заштитува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тој ја разобличува жизнерадосноста со која пратениците на интелектуалната дејност, наспроти својот илјадагодишен долг, го жигосуваат чувството на универзалното и ги слават различните партикуларизми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
В пазуви мои срцево пее и јас го славам празников мој, знамето мое гордо се вее, има ли посреќен од мене кој!?
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
За тебе слушнав од душмани твои фалби што тебе те слават..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Мислиш не ме боли мене тој црн ден што се случи во вашето село додека ме славевте на сред село со најубави благослови и плодови?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе