служи (несв.)

- Може ли со бензин да се служиме? Да не се запалиме? - Може.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Цел ден служам такви што знаат повеќе од мене.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Како главен извор за зголемувањето на бројот на националните сепаратисти ќе служи зголемувањето на конкуренцијата помеѓу бугарската и српската пропаганда во Македонија и бројот на лицата незадоволни од тие пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тешкотиите за достигањето на народните идеали служат само како школа во која се закрепнува народиот дух и се готви за уште поголема борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од пропагандите во кои служи ќе треба да бара слобода да се наоѓа во постојано општење со интелигенцијата и општеството од другите пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И така, користа што ќе ни ја даде нашиот општ литературен јазик ни служи за мерило при избирањето наречје за таа цел и таа е главниот фактор при создавањето на нашиот нов литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако ги разгледаме сега распространетите во Македонија религиозни пропаганди, тогаш таму ќе ги најдеме религиозните пропаганди во повеќето случаи да служат како орудие за национални и политички цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Генералот одговори дека што се однесува до неговата здравствена состојба, кондицијата сѐ уште го служи.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа не може да служи за заеднички литературен јазик на Бугарите и Македонците, зашто не може духовно да ги обедини врз еднакви права сите три спомнати области.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прислужникот несмасно туриваше ракија во чашата за што учителот и кметот го погледнаа луто, му го зедоа бардачето и почнаа тие да туриваат и да служат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Велеа дека и онаа чешмичка во горниот дел од Маказар, единствената во тој дел од која се служат луѓето за пиење и за домашни потреби, ќе секне, зашто и таа била носена, дамна, од оној предел горе над патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но јаничарски ген имаа и јапонските камикази кои се претовараа во делови на воените машини служејќи се со својата смрт да ги убиваат противниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и со рацете морав да се служам додека му зборував.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го туркаат со лопатите што ни служеа за веење на житото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред колибата, на долгиот трупец што служеше како клупа, седеа гостите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Но наместо тоа Македонците фатија да гледаат на себе како на Македонци, со свои одделни цели, и сакаа не да служат како орудија за српски цели, туку да ја употребат српската политика како средство за постигнување чисто македонски цели.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие, пак тие ветрови, нѐ развеваат и одвеваат за развеани некако да разбереме дека не сме народ од пердуви иако песните ни се меки и топли и најчесто ни служат како лековита напивка од шумолот од роднокрајните извори.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Повеќе