смел (прид.)
Смел е само оној човек кој животот може да го одржи!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И одеа двете момчиња угоре, носејќи ги во мислите смелите партизани, кои пред триесетина години ги минувале овие места.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Секогаш наслутена во водите и мракот ти гриво блага гриво груба нерамнодушно смела секогаш жилаво месо на земјата и ноќта гриво остра сабјо немирна на виделото по сребрената врвица на просторот како зрак и како светкавица
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Фантастична креација, создадена приказна со смели потези на судбината, која сама по себе е доволно мистична и застрашувачка, приказна која ќе живее под бисерната светлината на денот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Со викот и галоп го следеа коњот на Кузман десетте јунаци смели.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Глигор испитувачки ги шеташе своите големи смели очи по рапавината на Џемал-ага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И, ако со виното вдовица вашата силна жед ја загасила медно, а ако ви бацило рака со насмевка милна сираче нејако, бедно, ил ако во гозби сте имале почесно место — кое е гордост, би рекол - и ако здравицата вам ви се здравила често: здравје ви посакал секој — па, да се присетиме ние за тоа и нека да се покажеме смели!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Но играта беше и повод да си прикажуваат за нивните балкански алови, без страв дека отворените и смели зборови ќе поминат преку тарабите на куќата крај реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова е смела теза, мој пријателе, зар ќе се спротивставиме на сите балкански историографии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во овие два смели потфата, дневникот и каталогот, тој ретроспективно го следи својот уметнички развој, досегнувајќи до самите корени на сопствената креативност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Фаќаше од око најнеочекувани рекурси, се наведнуваше и се искачуваше со камерата како со џебен фотоапарат за семејни фотографии, ги ловеше последните зраци на сонцето по брановите преку камењата, правеше смели швенкови од карпестите врвови до распенетите вирови, се задржуваше со крупни планови по брановите бистра вода што ги преплавуваа изделканите белутраци по свиоците, успеваше да фати и по некој растреперен цвет на колонеж или скриена циклама во цепнатинките на скрките.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да, слугите на Арес ќе го слават, мајко, сето што тој го сторил в подвиг смел, и сите певци ќе те слават секаде по светот со еден занес толку врел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И наскоро оган се отвори, вџашен, — од едната страна комитите смели, бестрашните чеда во животот страшен, од другата Турци на булуци цели.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Неговиот бел завој стана нешто неразделно и дури неопходно за погледите на смелите борци од Мечкин Камен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Не ми се оди веќе во гимназијата, се пофалив и се зачудив на неочекуваната смела решеност со која му се доверував на Пенча.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Колку повеќе се будеше, сѐ поодредено разбираше дека она одвратното и навредливото е токму тоа што постои, а она што го прекина овој смел глас е така полнолико гордо, силно и младо и сета негова намачена душа жедува за она што веќе не постои и што престанало да биде живот и се претворило во некаква оддалечена светлина а без која е тескобно и мрачно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Колку отворена и смела младост имаше во неа! Незаборавна младост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во собата, над креветот, виси сликата на Ататурк; смела и решителна физиономија, која успеала турскиот народ да го поведе против заостанатоста, а за нов и понапреден живот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Колку да им беше непријатно и на нашите учители и на нашите воспитувачи, колку да беа смели луѓе, во духот на времето, прекалени, храбри луѓе, самопрегорни, не можеа толку лесно и на крај да излезат со вошките.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)