смуртен (прид.)
Со одвратност од себе сонот го оттурна она, мислите црни ги гони; но пак ја обградија мачните слики од сонот ноќеска што ѝ се сони. Штом шушнува нешто - смуртеното чело го крева сигурно синот ѝ ќе е!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Кога ќе го видеше човек како шета со рацете в џеб, со кренати раменици, смуртен, со паларијата наклапушена на чело, ќе си помислеше дека човеков е страшно огорчен на животот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мајка ми, сета расплакана, се стрча кон мене, а татко ми ја остави телефонската слушалка и смуртен, како најоблачниот ден на светот, се упати кон нас.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Вечно смуртен, тој никогаш и со ништо не беше задоволен. И како ништо друго да не знаеше, освен само да мрмори и да се кара.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Според смуртените гримаси како да викаше: Тргнете се! Не можеме да работиме! Ама сеирџии!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Анџијата промрморе нешто незадоволно и, смуртен, стана тетеравејќи се, како да беше пијан.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А ако набасаш на некоја намќорка допраша другиот Е ако е некоја смуртена лоша ќе ти биди болеста И уште ако не ја знаеш жената што ќе ти втрча со сонот Некоја нова и непозната болест ќе те довстасала Така велеше првиот толкувач на соновите
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Продавачот смуртен се сврте и ме извлече - МЕНЕ.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)