снаоѓање (ср.)
Го изоструваше и сетилото за гледање, за снаоѓање во темница, одејќи со раширени зеници низ мрачната соба и алкајќи со рацете пред себе за да не се удри во некој предмет и одејќи со меки чекори како мачка.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Поединецот и неговото снаоѓање или, така кажано, сопственото наоѓање во просторот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Како сакате наречете го тоа. Немоќ. Снаоѓање. Барање решение и таму каде што секоја надеж е загубена!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Макар што долго време минав на подготовките во СИП, како и во воената школа во Бањица кај Белград, бев свесен дека нема никакви рецепти за дејствување, за снаоѓање во вакви ситуации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Онаму, каде тие се од пообемен карактер и во поголем број, заради полесно снаоѓање низ 4 Дополнително, до крајот на ноември 2015 година, ЗРО претрпе нови 4 изменувања и дополнувања, со што вкупниот број на рогации кај овој закон достигна 19.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Нештото го нема ако зборот не присуствува. Зборот ја дарува присутноста. Овие зборови (препрепишани од Хајдегер) буквално создаваат една граница (помеѓу говорот и ништото, текстот и маргината, присуството и отсуството) истовремено сведочејќи и за нивниот однос: онаму каде што престанува говорот (присуството), започнува ништото (отсуството). Овие зборови даруваат присутност и на еден проблем (отсуство на снаоѓање) кога станува збор за границата помеѓу говорот и ништото, присутноста и отсутноста: не може да стане збор за ништото, отсутноста, затоа што зборот веќе значи присутност.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
283.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Како на секој човек без карактер умот му беше сведен на елементарно снаоѓање и итрина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)