снемоштен (прид.)
Пладне свиткано под старата козирка. Испотените соништа се спуштаат по акробатските скали кон светилникот снемоштен од стари бури.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Старецот снемоштено запре, му се отпуштија рацете во кои ги држеше виолината и гудалото.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мислев дека нема сили да ја држи гитарата в раце, зашто такво чувство се добиваше од нејзиниот снемоштен глас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да беше жив сега ќе имав внуци многу поголеми од тебе, - заврши таа со рапав и снемоштен глас и седна на работ од креветот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Така снемоштена, таа пак со рамото се навали на ѕидот да дојде малку на себе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)