собар (м.)
Работата е и во тоа што Пек се понижува заради љубовта кон една жена која е подготвена да го земе секој маж - па дури и собарот. Жената очигледно е нимфоманка.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Човечето седна прилично слободно, но сепак со некакво прислужничко однесување, како на собар на кој му е укажана некаква привилегија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му се стори како некоја голема порта да му се отвора и тој само треба да влета низ неа, не вјавнат врз некое нејако ждребе, туку разбашкарен во султански шестопрег и околу себе со носачите на почесните нишани, и со сета бројна послуга од собари, амамџии и готвачи, па дури и со хазнадарот кој од кожена торба вади по пет гроша и ги раздава на сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)