совладување (ср.)
Барам начин да ми се валоризира трудот потрошен за совладување на медицинската наука! Сега на ред се реформите за Здравството!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мислам на она немо посматрање што нѐ упатуваше само кон еден резултат: начинот на совладувањето на гладот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Едо моментно се сети дека милиционерот го повикал за помош заради совладувањето на таа височина.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но ако не го сторите тоа, ако не се откажете од намерата да продолжите со потрагата, обезбедете си светлосен извор, веројатно петролејска ламба, или светилка на батерија, за совладување на пречките што времето ги натрупало по тесните ходници.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога ќе биде готов со тоа совладување, можеше да смета дека стасал дома.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И уште потврдувам дека јас сѐ уште сум бил во бараката на бај Шишко и дека слободното време сум го користел за совладување на материјалот од петтиот клас.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Стасав во последен момент, кога ги разместуваа цвеќињата околу моето тело некои убави жени со напнати дојки, високи задници и долги снажни нозе што нудеа отпор што предивикува на совладување.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Мотивот за споменатото преуредување беше очекувањето дека споменатото мислење е „адекватно“ за спознавање и совладување на околината, можеби дури и за совладување и спознавање на човекот и општеството.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
А животот сепак претставува совладување на серпентини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А таа наведната над тетратката, имаат стигнато до совладување на цртите од кои се направени буквите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)