соединет прид.

соединет (прид.)

Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За македонска народност, македонска литература и литературен јазик ние ќе можеме да му мислиме само кога ќе заживееме еднаш слободен политички живот; а до тогаш нам ни треба ние да сме соединети и да го оставиме настрана националното прашање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да земеме еден пример. Од падот на Берлинскиот ѕид во повторно соединетата Германија трае процесот на пресметување со тоталитарното минато на бивша Источна Германија.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
86. За нив човештвото има поголемо значење од Бугарија и затоа повеќе ги интересираат нив Швајцарија, Соединетите Американски Држави и нивната историја, отколку Бугарија со нејзините национални интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Книгоиздателствата му се традиционално повеќе наклонети на романот отколку на пократките прозни форми, така што веќе од педесеттите состојбите се менуваат и расказот веќе не е доминантниот облик на фантастичната книжевност во Соединетите држави.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
109. Сливница им покажа на Србите оти ако една Бугарија со Источна Румелија може да ѝ покаже на Србија еден сливнички пораз, тогаш соединета Бугарија, заедно со присоединетата кон неа Македонија, во идно време може и сосем да ја победи и да ја пороби Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едгар Алан По е американски поет од периодот на романтизмот во Соединетите Американски Држави, во времето пред да се прогласи нивната самостојност и независност (1873).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тивката ноќ, крај реката, спроти Тврдината, како предизвик на минливоста што ја означуваше вечното течење на реката, некаде другаде, се извишуваше симфонискиот полифон изблик на среќното и соединето семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Анализирајќи ја рамката, кон дело­то ќе добиете поинаков пристап при што ќе сознаете дека „филцот (термички изолатор), маста (движење и храна) и бакарот (енергетски спроводник), соединети во оваа енергетска скулптура и директно поврзани со подот, сочинуваат поле на сила и набој”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Улиците не се преплавени со вооружени млади деликвенти, стапката на убиствата изнесува една петина од онаа во Соединетите Држави; проблемот на наркоманијата е мал и судејќи по сѐ опаѓа; уживањето на хероин е под контрола, кокаинот претставува мал проблем, додека крек речиси и нема.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И покрај тоа што вниманието на Американците во последниве неколку години беше преокупирано со други проблеми Соединетите Држави сѐ уште се учесници во еден мошне скап конфликт - војна против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до обидот на Кулик да создаде нова „соединета култура на ноосферата“ која ќе биде втемелена на сетилото за мирис, можеме само да кажеме дека културата како таква - наспроти природата - е воспоставена дури со моментот кога човечките суштества престануваат да се потпираат на чувството за мирис.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со апсорпцијата на Европа од страна на Русија и на Британската Империја, од страна на Соединетите држави, две од трите постоечки супер-држави, Евразија и Океанија, веќе беа практично формирани.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Укинување на забраната за користење дрога не би претставувало скок во непознато. Соединетите Држави имаат долгогодишно искуство со прописите во врска со алкохолот и тутунот, додека уживањето на кокаинот, марихуаната и опиумот било дозволено подолго од еден век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Обата збора tenet соединети во средиштето создаваат крст.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Така соединети останаа неколку мига...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Соединетите Американски Држави неспорно ги предводат другите делови на светот во култот dummy-изам”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе