солзлив (прид.)
И ги криеше солзливите очи од нас. Зад него, сиот покриен со маслени крпи, офкаше во својата двоколка Круме Арсов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Марин Крусиќ пак се исекна. Се исмеа, кивна и гледаше во Сандри помалку победнички отколку да го кажеше сето тоа кога не ќе беше солзлив.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Така стутулен, со здебелен нос и сцрвенети очи, тој изгледаше поинаку: сето негово суштество, пресвиткано и солзливо, молеше понизно за помош, сеедно што неговите зборови се трудеа да му го задржат поранешниот углед.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
По лицето, како млака вода, му се полеа солзливата насмевка на сожалението.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Што пропушти да каже? прашуваа нервозно неговите зголемени, солзливи очи што се вртеа како тркала.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)