сомневање ср.

сомневање (ср.)

Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа го виде неговиот мрак во огледалото, неговите сомневања, неговата непогрешливост; се сврте и му одговори на мракот во неговите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сомневањето е само темен мачител што сака да ја замрачи и да ја замори свеста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стравот и сомневањата се веќе мртви и само во сеќавањата ќе оставаат млака трага.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Жената застана и не без сомневање ме погледна в очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И него сега почна да го копка црвецот на сомневањето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше тоа фотографија и немаше никакво сомневање во нејзиниот идентитет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При една провала во 1900 година биле уапсени сите, под сомневање дека нешто подготвувале против поредокот на султанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тие и на училните стебла гледаат со сомневање.“ Старчето отплетка со прст некаква невидлива пајажина од пред себе и болничарите излегоа со пламена навреденост околу усните.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како што не можеше да се продаде кафеавата бунда, а да не се роди сомневање за нејзиното потекло, така не можеше да се открие Мајкиното знаење на странските јазици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби ќе посееше по малку сомневање овде-онде, под претпоставка да се осмелев да го покажам некому.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секоја вечер го чекав будна. Не поради некои сомневања во врска со неговото лично поведение.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Жена му, научена молчаливо да поднесува сѐ во оваа куќа, нема со кого да си ги сподели своите сомневања и немири, својата тага и својот страв за единствениот син.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кога стигнаа селаните со козите, староседелците ги гледаа со страв и со сомневање дека колачот на сиромаштијата ќе го делат на уште помали, речиси невидливи делчиња сѐ до гладување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тешко сомневање го граба и го мачи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му раскажав за случката и за сомневањата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Немаше повеќе сомневање дека девојката го шпионира.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа трпеливо ги бараше во него сите оние места, низ кои што можеше да се вовлече и уште подлабоко да се протне, за таму во неговата срцевина да може да почне да се загнездува и да ги снесе тука своите змиини јајца на сомневањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали тајновитоста на тие пораки не го актуализираат она веќе изречено сомневање дека еден од можните одговори или решение на оваа гатанка е содржано во спомнатото веќе сако?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе