сонлив (прид.)

Во моите очи препозна сонежлив сјај.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ајде да направиме летен театар од песокливи кули и сонливи дилижанси и бакнежи од шаторски преспивања Ајде да направиме летен театар со карневалски маски со скришни сказни со ружи и ѕвона што ќе ечат крај езерото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Кога стадото замечтано од ливадата зачудено ќе ме погледне а малото овчарче ми мавне со раката Таго на детството напуштено Тоа ти ме викаш назад во своите сонливи длабочини.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во мојата сонлива соба се разлеаја очите на денот. Тие заиграа во смрзнатите шари на ѕидојте и од нивниот насмев оживеа мртвите цвеќиња Остриот мирис на сеното слеан со песната птичја под стреата се занесе над постелата.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Седеа под сенка на ѕидините од еврејските гробишта и го слушаа далечното бревтање на сонливите возови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Негде се кинеше на слогови невесел и истрошен глас, песната од ослободеното грло беше сонлива и лазеше несигурно по земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во овој миг ќе ве разбудам и сонливи ќе ве одведам на избиралиштето на шутови со изрезбани глави Во печатени мозоци да бидете среќни во лајна и блуежи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Втора фотографија.  Чекав долго, да се расклопи како женка да ја сликам во сиот нејзин сонлив сјај пропорција и хармонија.  Ја прекрив со себеси но таа кревка, тврд карактер ѝ се покори на сенката без поговор.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сонливите води на езерото нежно се будеа, бели и светли, кога тој го рашири и последен пат своето платно на истото место, крај црквата, од каде што водеше стрмно, кривулесто патче долу до изворот на езерскиот брег.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа душите на сите вљубени го облеваа сонливото небо до светлост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се начичкавме на стаклената врата и живо ѕиркавме во сандакот со десетина маси, со тезге, зад кое газдата спиеше буден, со зли келнери и меки полни певци, нацрвени и сонливи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доктор Коста го гмечеше со палецот своето луле, молчеше загледан во темните сонливи буки, неми, скротени од тивката августовска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трепереше сонлива ранина, кога гавазите стигнаа со скапоцениот прстен на брегот од Преспанското Езеро каде беше малото китно село на убавата мома.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Главите на воловите имале на челата човечки грижи и, една зад друга, потсетувале на ред измитарени султани и паши во рамки, биле подјармени старчиња чии богатства, слави и моќи се слеале во кобна точка од која, пред да воздивнеш, ќе шурне црна вода и ќе ги поклопи сонливи и некогашни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Андон, ќе ја земеше ќерка му за снаа, но тогаш тој ќе си го дадеше и коњот и ќе останеше сам со сонливото куче што ноќе се дави во кашлица.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Светла нитка...како галеб летнат, како шепот и сонлив и тих.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сега можеш да ја допреш срната на твоите усни како магија како сонлив цут како подадена рака.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе