соопштува несв.
соопштување ср.

соопштува (несв.)

Имаше обичај да соопштува со тивка гордост, меѓу две повлекувања од лулето, дека во последните четири години не изостанал од Општинскиот центар ниту една вечер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И ова ми го соопштуваш на ист начин како на пример она твое влегување во НАМА за да пробаш здолниште, приговарав, и тоа сосема оправдано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Не е решение само да се мери и да се соопштува степенот на аерозагаденоста!“ гласно извика некој.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А јас, не сакајќи, на глас ги соопштувам работите што ме мачат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сето тоа доведе до денешнава состојба, кадешто е евидентен јазот меѓу она што ѝ се соопштува на јавноста и она што извршителите го прават по повод контролата на менталните заболувања.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Им соопштува на свој начин дека дошле даскалиците од Охрид и дека вечер ќе даваат претстава и кои се цените на местата, та иде и до најинтересната новина од денеска која сам си ја додава, разбирајќи дека: на некое момче од Марул му избегала невестата и запиња повеќе од секогаш: — Денеска на пат за Прилест загинала една млада, бела, калеша, убава невеста од Маруууууул!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секојдневно ја соопштуваат скалата на аерозагаденоста во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во актот се соопштуваше и ова: во една улица, блиску до центарот, млад мршав човек го чекал валијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секогаш кога поројот од мисли ќе ја вратеше назад низ времето, пред очите ѝ се појавуваше судникот со трозабецот во рацете, кој со рапав глас ѝ ја соопштуваше одлуката за гревот и товарот што требаше да го носи како казна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега кога ова ви го соопштувам, мртвиот тој и мртвиот јас во еден мртов агол па небото, молкум спориме дали зборовите или самољубието беа причина за нашата смрт која нѐ засолни во овој мртов агол.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Финансиски, господине Салтиел”, му соопштува со доверлив тон Максимилијан Мертен и погледнува во подофицерот Мајснер, еден левантски Германец кој грчкиот јазик го зборува како вистински фанариот, интелигентен и способен, без одвишна емоција, во кој стекна таква доверба што напати го доживуваше како сопствено второ јас.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во врска со сето ова, како податок лично за себе, ќе кажам дека меѓу моите текстови има малку такви што се врзуваат во метафорика, и воопшто по изразните својства, со македонската народна поезија. т.е. што се пишувани , по обичното велење, во духот на народната поезија“, вели поетот Блаже Конески, соопштувајќи ни одредени посебности од неговиот поетски опит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако беше дома и ако го чуеше езанот на муезинот за акшам намази, се завртуваше кон Тодора и важно соопштуваше: „Акшам намази”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Поради ваквото однесување на Радуле Анастасија заклучи дека тој сите свои постапки, дури и најсрамните, па и тогаш кога ѝ ги соопштува само на Стојна, ги зачинува со дрското објаснување дека нему не му пречат љубопитните сведоци на неговите намери.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе