сопатник м.

сопатник (м.)

Двајцата сопатници имаа по три сина и се радуваа дека ќе ги видат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кадијата горе на својата висока положба, гордо седеше на својот ат и одвреме-навреме се обѕираше назад да види колку е оддалечен од своите сопатници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сопатник на кој својата позитивна духовна енергија безрезервно му ја даруваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одамна моите сопатници сакаа да го напуштиме Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако големиот Вок со едно око е вистински владетел на морските и сите други води, мора да е некаков сопатник на оној што го шета светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Замисли си - му се обрати на сопатникот од кола да ти го земат пиштолот, а овој си мисли дека го имам само за мустра...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Моите сопатници од земјата рамнодушно го слушаа говорот, небаре им беше упатен на други.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не разбирам баш сѐ, ама изгледа дека сопатников е пославен отколку што замислував.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
По кои скали од зборови ме качуваш во твоето минаре за да го имам молчењето за сопатник а немирот за водич?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На едно место сретнавме циганска населба, која сопатникот од Холандија ни ја покажа со мала насмевка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На станицата го испраќаше една средновечна жена и уште некои. Брзо се спријателивме со мојот сопатник.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моите сопатници го окупираа со багажот речиси целото купе. Немаме во него никој друг освен нас.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги гледав моите сопатници, во лажно срдечна прегратка со сталинизмот, како ми намигнуваат со јасна порака дека нивниот овдешен однос сигурно нема да има никакво значење на другата страна од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бев така предодреден да ги барам во животот моите сопатници во егзилот за кои немаше враќање...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше прекрасна сопруга, вистински сопатник во деликатната мисија, особено во најтешките и неизвесни мигови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев нервозен, дали ќе најдам место во возот; ќе најдам ли сопатници, со кои ќе ми мине времето на ова далечно патување, кое трае деноноќие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ги грчеше прстите в џебови и го слушаше сопатникот, тој сечеше просто како да секцира.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Моите сопатници ме прашаа каде работам во Германија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Без двоумење го истакнува синдикатот како негов верен сопатник во битката што ја водеше против наведената државна институција – ситуација којашто, на прв поглед, изгледаше тотално непобедлива.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе