сортирање (ср.)
На секое ниво од овој ланец, т.е во рамките на секој ранг, човечките компоненти се мошне хомогени: процесот на издигнување низ ранговите бара извршување на операции на сортирање, што резултира во помалку или повеќе униформно однесување во рамките на секое ниво.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
За чудо, беше пратена во Монополот и таму се најде како работи на лентата за сортирање дури и пред да се појави таму Вангел на Борис Биџов.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Работната атмосфера во фирмата, барем во времето кога се работеше „турбо“, беше пристојна и релативно добра – иако и тогаш нормите, на кои работеа претежно работничките, беа вртоглаво високи [на пример, една работничка која работеше на боење на сервисите со златен пораб, во текот на осум работни 248 часа, требаше да изврти минимум 3.600 чинии и сама, без ничија помош, да ги пренесе до палета за сортирање!?].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)