соседство (ср.)
Македонските наречја имаат пак свои оригинални особини, а бидејќи се наоѓаат во соседство со Србите се признаваат пак за не чисти од србизми.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во соседство живееја две верверички на слична возраст. И двете имаа прекрасно дебело светливо топло кожувче и голема опашка.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Се сеќавам, имаше една баба во соседството која кога мајка ми ќе месеше леб везден и велеше Софо дај малку од тој твојот леб...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Фабриката за шеќер денес е акционерско друштво во приватна сопственост на странски газди од соседството, кое делува во рамките на прехранбената индустрија и моментално брои околу 150 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Обично празните зембили ги носеше сама, а полните ги носеа децата од соседството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Што не значи дека не се омрсува и некое петле со понизок ранг, од послугата или од соседството.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Особено кон јаричките, кои, нагло почнаа да се иселуваат во туѓи кокошарници во соседството, та дури и во Америка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
И другите жени од соседството зборуваа меѓу себе за тоа, денес.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
16 Откако другарка ми со која поминував многу време замина кај дечко ѝ со кој беа разделени некое време, значи се врати во Соседството, единствена занимација освен учењето ми беше сајбер дружењето на фејсбук.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Намерата на пријателот е живото соседство да го претстави, во курзив, како жива опасност.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Луѓето по толку децении во Картагина, во земјата, во соседството мораа да привикнат на животот без присуството на Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нечиј пес во соседството лае.
„Го сакате ли Дебиси“
од Лазо Наумовски
(1973)
А Мајка, со својата добрина, со знаењето јазици, со верската толерантност што си ја имаше всадено уште кај солунските лазаристи, беше сакана, помагана од соседството, без разлика на верата, на народноста.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А пак тука, во соседството, има еден лекар, Унгарец, Карољ се викаше.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И баш тогаш во соседството Езра Паунд ќе проломоти нешто против Евреите и ќе им ја расипе таинствената размена на стихови и ноти КАФЕ ФЛОРИАН: БАЈРОН И КЕЛНЕРОТ СО КРАСАТИ УШИ знам, сум читал некаде, дека бајрон на времето измислувал разни легенди за мостот на воздишките и за други чуда во венеција диванејќи баш во кафето глориан, по него, еве, со години се влечкаат талкачи од цел свет мислејќи дека легендите, ако се од бајрон, не умираат, мислејќи, исто така, дека е крајно време на терасата на кафето флориан да се одржи оснивачки конгрес на талкачката интернационала - талкачи од сите земји распрснете се низ светот да ечи на конгресот на талкачите да ечи да ечи додека гулабите масовно не запавтаат со крилјата во знак на протест што талкачите не оставаат ништо за колвање а и додека на самите талкачи не им се спуштат венецијанерите пред очи кога келнерите ќе ги донесат сметките. знам, сум читал и други нешта за кафето флориан, разни бајки и разни истории има за него и за ланскиот снег во венеција, во разни извори на завидливост, тегобност и несигурност се брчкаат талкачите пред кафето флориан, мене ми е редот за редовната доза сладолед, а време е да се испопраќаат и смс пораките, па прецизно да се види на мапата во мобилниот телефон уште колку останало да се талка - наеднаш, не баш неочекувано си се насмеав во себе, онака за свој грош, фаќајќи се во мисла дека ќе му ги истегнам красатите уши на келнерот во флориан кога ќе ја донесе сметката и кога ќе почне да ми бандори за лековитите својства на киселините од изметот на гулабите, отшто во измет од гулаби се сплеснувале сите теории и благородни идеи на талкачите од бајрон наваму
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)