спакуван (прид.)
Мислам на постелата со неговата присутна отсутност толку умешно спакувана во свечено одело.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Само така смислата на животот спакувана во една мала стиховна галерија, остава оригинален ракопис на една жена чија доза на топла хуманост нѐ води кон разбирањето на некои човечки категории.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Не се тие лесни девојки“, ѝ рече кога се разделуваа, а таа знаеше дека следниот ден, во „комбинованата“ соба ќе бидат наредени, како по стар муслимански обичај, сите подароци, обесени на закачалки врз корнизот, за да може да ги покаже, како и букетите спакувани во целофан и наредени накосо на сите долапи во регалот, нормално без вода.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Лука Карер пристигна во првата квечерина и ги најде како тој, жена му и трите деца, го очекуваат во нивата куќа, со спакувани куфери, подготвени за скорешното заминување под закрила на ноќта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нејзината облека и чевлите, спакувани во картонски кутии, го натерала Милан да ги однесе во организацијата „Татковски галеб“ за годишниот добротворен прилог на црквата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Мислам дека младиот автор што го спомнувате нема втасано ни до уводниот дел на делото што храбро го најавува како веќе спакувана замисла - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со чезата на комшијата, кој беше нејзин врсник, спакувана во војничко дрвено куферче на бате, си замина во правец на железничката во Куманово.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше тивка и храбра, силна во својата величествена самота, во тој наш голем пораз, одвлечени на маргините од животот во кој секогаш имаме веќе спакувани одговори за нашите одложени знаци на возвратена љубов.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Двајцата браќа Адам секогаш јадеа ист ручек, спакуван во исти зелени кутии за храна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се купува спакувана во хартија или пластична фолија и се отстранува со загреан нож.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Најгоре стоеше писмото, а под него имаше една конзерва на која пишуваше „Нес Кафе“, три ќесички со бомбони, под нив спакувани две женски марами.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Во меѓувреме странските борци од мојата чета влегле во една соба каде што беа сместени ореви, половина соба беше полна со сламарици наполнети со ореви, одоздола до таванот спакувани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ана се обиде повторно да нѐ врати на поделбата на предметите кои требаше да бидат спакувани, и оние кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многу од нив со lunch-пакети, со конзерви уредно спакувани во кафеави хартиени вреќички, седат или стојат, го завршуваат својот lunch, остатоците уредно ги оставаат во кантите за отпадоци.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите ние сме слични. Имаме слични проблеми, само што се различно спакувани.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во интерес на мирот во куќата, таквата облека на Рада едноставно беше спакувана за некое друго време.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во бурињата имаше спакувани бомби, шмајзери, англиски пушки, зеленикави кошули, џемпери, фанели, блузи и други материјали.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дали тој навистина му завидуваше на брат му за спакуваниот ручек во кутијата или тоа беше само предупредување, претчувство за откритие што требаше да се случи скоро.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Додека шеташе со рацете спакувани околу половината, се сети дека треба да појде во библиотеката во Ману за да си ја земе личната карта која ја беше оставил при подигањето книги, а се заколна дека никогаш повеќе нема да влезе во библиотека, па и што ќе му беше, кога реши да стане шофер.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)