спасување (ср.)
А што барам таму, вели, зар овдека нема луѓе за спасување.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нејзиниот однос кон историјата беше во функција на спасувањето на својата рожба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Животот на Мајка се ронеше во спасувањето на своите чеда, дури и кога стаса во доба чедата да го спасуваат животот, таа се повлекуваше во школката на својата осама, во домот со татковите книги, секогаш со жилава надеж да нѐ дочекува од некое враќање.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И Климент Камилски беше свесен дека јазиците биле и може да бидат бојно поле на многу народи и дека со чистењето само на опасните зборови би можело да дојде до спасување на народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Макар што била свесна дека лаицизмот и клерикализмот не се римуваат, туку се спротивставуваат, се мешаат, вујна Клементина лесно разбрала дека овие конгрегационисти на Балканот се во некаков „свет сојуз”, кога беше во прашање спасувањето на младите балкански души.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој не можеше никогаш да го замисли вистинското завршување на оваа голема книга без Мајкините директни записи од животот, од спасувањето на семејство, од неговото провлекување низ урнатините на империите за кои Татко пишуваше големи поглавја, за нивната величина, но и за нивните падови.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тогаш се покажа еден чамец за спасување полн со деца со еден хеликоптер што го надлетуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оваа порака Баба добро ја разбра. За неа зборот амбасадор конечно значеше спасување.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја продолживме тивко молитвата на спасувањето, останувајќи засекогаш верници на нејзиниот непознат бог.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чамец за спасување (1944) беше обид интересот на публиката да се одржи цело време и покрај тоа што целиот филм се одвива во многу ограничен простор.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во годините кога Татковата болест и немоќта поради староста го намалуваа маневарскиот простор за неговите големи балкански пориви да го води своето семејство, со кормилото на судбината, кон исток или кон запад, но и поради закоренувањето на постарите синови, со нивните семејства, во овдешниот живот, Мајка небаре се чувствуваше задолжена да ја преземе грижата не само за Татковото здравје, кој остануваше опкован со своите книги, туку и за стратегијата за натамошното спасување на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И во таа непредвидлива, долга и тешка битка, секој си имаше свој удел во спасувањето на семејството. Едниот удел не можеше да се замисли без другиот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
После многу напорни расправии, откако Унијата била протуркана некако, помош од Европа била ветена: Но помошта за спасување на Царството Константинопол од навала на силната Отоманска Империја, никогаш не пристигнала, па така бранејќи се само, Царството Константинопол доживеало пад во 1453 година.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се фатија некои и раце со раце да се борат; маваа со клоци, со глава по нос, касаа со заби, но напаѓачите беа двојно повеќе и сите вооружени, та никаков изглед за спасување немаше.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И не само тоа, нивната љубов беше и заедничко гледање во иста насока, во насоката на постојаната борба за спасувањето на семејството во честите балкански разминувања со смртта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)