специјализира (св. и несв.)
Што би специјализирал нашиот аџамија доктор?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Специјализирал во областа на аеронаутиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И понатаму беше вистина дека луѓето не се еднакви според вродените способности и дека функциите мора да се специјализираат така што едни единки би имале предност пред други; но сега не постоеше повеќе никаква вистинска потреба за класни разграничувања, или за големи разлики во богатството.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дипломирал во Загреб, специјализирал во Европа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Драмата е од Чарлс Ладлам, чија Урнебесна театарска трупа во Њујорк се специјализираше за пастиш, за бизарни дрег-преработки на разни класици од историјата на светската драма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Инаку, специјализирав спортска медицина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)