спечали св.

спечали (св.)

Ниту сенарот успеал да спечали четири гроша повеќе ниту јагленарот успеал да си го наплати долгот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ми раскажа дека спечалил пари за да може со нив да купи современи машини за еден авто-сервис и сега бара локација за сервисот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите овие деца пасат туѓ добиток само за да спечалат нешто.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Подоцна кога ќе спечалиме ќе им ги вратиме сите позајмици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Купуваше и продаваше сѐ на кое можеше да спечали.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Некој касмет поголем да ти наврти таму да си спечалиш, пак да си дојдеш да те жениме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Многупати на анџијата ќе му истуреа цела вреќа стока само за неколку кила ракија и вино. А и зошто да не? Таа не беше со пот заработена и со крвава мака спечалена.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден овдешен граѓанин вели дека доволно е да имаш малку памет малку среќа ил само среќа и иницијатива, за да можеш да спечалиш барем толку за да се нахраниш со она парче леб и риба што се продава во кајаците кај „Галата“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тој имал пушка, ја спечалил во тепаницата со бегот и беговите придружници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако секој ден така мериш, ни кошула на грбот не ќе ми остане, камо ли нешто да спечалам. Не си за мера. Ти си, Зафире, повеќе за аргатска работа
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
3. Над себе набедена спев сум векот лета непознато те сонев туѓина спечалив жив да те најдам - оти твојот ирис на мене мирисал.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јуначко момче во свое време бил, пет срца момински под своја гуња носел, домаќинство со голема челад спечалил.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Та кога слеговме со татко ми од Карабуниште до Солун, сѐ по патот и стадата на Куцовласите, со ниет да спечалиме нешто по светот, место да се качиме за Босфор или како што се викаа Дарданели, ние сме се качиле за Гибралтар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Портирите се нарочни луѓе, и јас не знам дали ги спечалив, но тие многу ми помогнаа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во јули и август заедно ќе работат во Грција, на плантажа, за да спечалат нешто, да си купат наесен облека и книги.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас некако се снајдов и полесно поминав, а и повеќе спечалив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе