спирала (ж.)
За алхемичарите, патот можеше да се спореди со минувањето низ пустината на мистиците во претпоставена спирала се надоврза Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
4.
Стрвна спирала
Штом премногу претскажуваш
стрвна астрална спирало
милост имај за трпеливите
за лифчињата на душата
врз коишто го истураш штедро
твоето мастило
моровата моќ, индигото
од тебе зависи дописот со небесата
ритамот и римата, или и ти
не можеш ништо
кога густината се ретчи
комплексите малаксуваат
согласјата се упростуваат -
само Отецот сам самцат стихува
сушноста – сушта суштина
суштествено суштествува
всушност, меѓу четири ѕида стисната
слободата ѕирка, се ѕвери
нагоре, а таму (уууууууууууу)
сѐ се движи во обратна насока
гледано одоздола
ааааааааааааааааа:
или времето оди наназад
или човекот е свртен наопаку
опак Закону, злорад Реду
приказание, Име имаш ли?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ти се движиш во круг по познатите треви а спиралата на времето те влече по нови виделини.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Семејниот идентитет беше отворената врата кон спиралата на другите семејства, кон другите енигми, кои ја осмислуваа потрагата по разликите кои ги наложуваше историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој мирно си лежеше во креветот слушајќи си го срцето како му чука и како спиралата на пружината на креветот вибрира како одговор на неговото срце.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но најчесто се случува луѓето кога ќе се најдат во спиралата на потрага по моќта за владеење, да се однесуваат како суштества кои живеат во илузијата дека нивното присуство во светот станува капитален чин, небаре неопходен за движењето на материјата, рамнотежата на светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Реченицата е составена според правилата на синтаксата, а алитерацијата се засновува на трите слогови од секоја од четирите групи на зборови, создавајќи ја така спиралата на звукот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Никој не знае да објасни точно ама сите велат дека спиралата расте. Спиралата на омразата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Надоврзувајќи се еден на друг, звуците наликуваат на спирала.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Стариот Архимед објаснувал нешто за математичките спирали, ама сега хиперболите и параболите се удавени во плитките води на новата историја.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Знаеше и самиот, слушајќи ме, оставајќи ме да се доискажам, пред присутни сведоци, дека слегувам уште подлабоко во спиралата на големата и непростлива ерес во атеистичката земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Има и кутија со многу мали предмети - има една џива што се тетерави по цилиндарот додека тој се врти, потоа зад нив има едни ротирачки маскирани вртлози со лице на инсекти што ви се плазат, потоа ги има оние мали спирали и пламенчиња, и некои други нешта што се случуваат.”
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А мене, еве ме излезен од спиралата на татковиот егзил, во фаталната проверка на една од постојаните илузии на бегалските семејства дека враќањето од егзил постои.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Црн лебед
„Признајте:
имате чувство на нелагодност
кога ќе ме здогледате
необичен, што од убост, што од суета
од таа метафизика на спиралата
нотниот клуч, змијата
- мене, бесрамно бел
- порив кон сакралното
неутешна жед за созерцание - езеро
милиони години сѐ тука, сѐ внатре
во времето, неизглаголена глоса
искубан крик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секоја спирала има бескрајно многу завои.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Како ли би да не битисуваш на прстенот; Стега обезпрстенета спирала- О Мајо таго низ мене; Суша е овде; Земјата и небото Ти се ментолно тиркизно море.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Спиралата се одвиткува и како шамија ти се завива околу вратот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Спиралата е за никој да не е раат. Да се лапне сета енергија до реалното.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)