список (м.)
Ако ги земеме новините од времето на публикувањето на февруарските реформи до и по објавувањето на востанието во Битолско на 20 јули9 и ги прегледаме во нив телеграмите од Стамбул, тогаш ќе видиме оти Портата10 постојано им претставува на рускиот и на австро-унгарскиот амбасадор списоци од битките на турскиот аскер со четите, списоци од најдено оружје при претресите кај населението, списоци од убиства извршени од четите над мирното население.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дојдовме до Неготино и еден офицер извади список на Турци што треба да се иселат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Побарајте ги вашите имиња во списоците во кои сте заведени.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Благодарение на една нејзина пријателка успеа сосема легално да дојде до избирачкиот список и новата адреса на Саво и Снежана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Возбудениот космос на нашата надеж Загрижено го крие списокот на нештата Што не смеат да заминат в темнина Списоков засекогаш треба да остане во раката на сонцето:
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Младите беа мобилизирани и носени на фронт, беа правени списоци според кои жителите од нашиот кварт беа товарени во возови, и засекогаш одведувани од Виена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На списокот за пазар детално наведени неделните потреби.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Моето дете е пак прецртано на списокот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе испратам писмо до Меѓународниот црвен крст, а на списокот што ми се враќа, името на детето го нема.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Високо специјализираните професии се најдоа на списокот на забранети улоги, откако една професорка по филозофија, чија пасија беа медицинските енциклопедии, доживеа тешка траума присуствувајќи на операција на слепо црево, каде од неа беше побарано да го направи првиот рез.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Веднаш го избришав од мојот список.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И најпосле списоци од воведени реформи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Внатре во станот, еден сочен глас читаше список од бројки што имаа некаква врска со производството на сурово железо.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Што сакаше да рече Турција со тие списоци е многу јасно: „Јас сакам да воведам реформи во Македонија, но наместо реформи сега-засега ќе воведам аскер и маки, зашто земјата се готви за револуција, подготвувана од престапното работење на комитетите, коишто претставуваат како држава во држава: ќе ми дозволите првин да ја смирам земјата и да воведам мир, а после ќе се воведат нужните реформи”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И мигум сети лозарот од Неготино како обичните луѓе стануваат обични смртници, обична бројка во списокот на умрените.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Согласно горенаведените законски одредби, а врз основа на обезбедениот список, стручните служби на Центрите за вработување при АВРМ постапуваа по вкупно 9.987 барања за остварување право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Кај нашиот раководител можеби постои список на сопствениците на овој вид бели покани или некое друго упатство.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Оттука не нѐ чуди фактот што евентуалната легализација на марихуаната ужива најширока поддршка, иако некои на тој список би го додале и хероинот. Австралискиот социолог Стивен Магфорд предлага марихуаната јасно да се издвои од кокаинот и хероинот така што би се пуштила во слободна продажба, додека сите други дроги би се продавале врз основа на лиценца.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тогаш Димитар Зојчев се насмеал, ја затворил тетратката, ја оставил на масата и станал: се прешетал низ канецларијата, потоа застанал пред Ристета, му ја ставил раката на рамо и му рекол: Во времето кô се ѕидаше црквата, во 1895 година, јас бев учител во Потковицата и го водев списокот на сите кои даваа пари за ѕидање на црквата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)