спобрка (св.)
Еленчиња мои, видов што видов и не видов, се ми е спобркано во главата, па не знам што запомнив, а што сум заборавил.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Знаеше одеднаш да се затрча накај мене и да ме спобрка меѓу алеите со домати.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Чекав да видам што ќе стори - ќе го спобрка ли зајакот со шапка на главата и дали тој зајак ќе почне да бега.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Со гусочкиот клун како да ја спобркал сенката на смртта што кришум, без тие тоа веднаш да го сфатат, ги поклопувала.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А и селаните, кога ќе те видат со преврзано око и со пушка, ќе извадат од некоја дупка своја абердарка и ќе те спобркаат уште пред да им влезеш в село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лазејќи се искачија по скалата и одозгора го погледнаа војникот што ги спобрка ваму.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Роско замавта со опашот божем ме разбра, а јас пак му реков: - А ако не го спобркаш зајакот, ти си обично куче.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)