споулавува (несв.)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Влакнестата пенушка се споулавува, - се возбуди Додо. – Ме растажува.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Водава ни е таква, нѐ споулавува.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Околу него се движеле, некако самоволно, само сенките на луѓето. - Се споулавуваат, повторно воздивнал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме делеше ли уште тогаш со друг, мене и се друго што беше мое, и нели се споулавуваше зашто тој друг го гледаш со јама на чело?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)