спречи св.

спречи (св.)

Таа не се обидуваше да се откачи од него, но чекореше токму толку брзо за да го спречи да оди паралелно со неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаев дека со ништо не можев да го спречам во неговата намера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
107. Ваквиот развиток на работите во Македонија го согледаа и заинтересираните претенденти па ги вложија сите усилби не само да го спречат, туку и да го задушат воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беа дошле до заклучок дека на светот му е потребен нов или подновен светски поредок, што од една страна ќе ги заштити човековите права и човековата околина, а од друга страна ќе ги спречи господарите на парите, монетарната стварност да ја претворат во катастрофална виртуелност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Им препорачував каква крема да си купат, кој сапун ќе им ја излечи егземата на кожата или кој шампон ќе им го спречи опаѓањето на косата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рестрикцијата била воведена за да ја спречи штетата што пиењето можело да ѝ ја нанесе на воената индустрија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но тоа, според нив, ќе повлече со себе преместување на југословенско-бугарската граница од планинските меѓи во речниот басен; Југословените тоа ќе го сметаат како загрозување на нивната главна комуникациска линија со Грција и Солун; не е многу веројатно дека мнозинството од селаните ќе ја прифатат шансата да ја променат националноста, а исто така не е веројатно дека двете држави би го спречиле емигрирањето на населението кое го сметаат за свое, со резултат дека иредентизмот нема да биде отстранет".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но почеста спрема новиот член ја спречи Васе: - Гледајте! - свика издолжувајќи ја раката кон брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кревалката е и да крева погрешно паркирани мечти да не направат општ метеж и да ја спречат најавената парада на гордите маченици
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А една личност се качи до мене и ми ги зема очилата за да ме спречи во читањето; и лампата покрај која читав беше разбиена, меѓутоа некој веднаш донесе нова сијалица , а јас погледнав во момчето кое ми ги зема очилата и нешто во мојот израз на лицето го натера да ми ги врати. Така продолжив два и пол часа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
98. Надворешниот свет пак го уверуваа оти историјата со Источна Румелија не може да се повтори и со Македонија, зашто во Македонија има многу народности, а не две-три, оти сите тие народности, како и сите соседни балкански државички и големите држави, ќе можат да го спречат соединувањето на Македонија со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наместо да бараат од султанот реформи, пратениците ги вложиле сите сили да го спречат безразборното колење на Ерменците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секој може да бара од друг да го отстрани изворот на опасност од кој му се заканува позначителна штета нему или на неопределен број лица, како и да се воздржи од дејност од која произлегува вознемирување или опасност од 216 штета – ако настанувањето на вознемирувањето или на штетата не може да се спречи со соодветни мерки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сметаше дека е очигледна вистина дека NAACP (National Association for the Advencement of Colored People, Национално здружение за унапредување на црната раса 9) е комунистичка конспиративна група посветена на стопроцентно вкрстување на белата и црната раса, и дека џентлменот од Вирџинија е всушност Ubermensch, конечно пристигнат, но спречен во исполнувањето на судбински важната задача само благодарение на злобните сплеткарења на њујоршките Евреи.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Кога војските од оваа страна на фронтот започнаа да ги зацврстуваат своите позиции спрема Грција за да се спречи нападот на француската и српската војска, близу до селото во една од селските кошари донесоа стотина волчјаци за да ги дресираат; дресираните кучиња ги испраќаа по граничните караули.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Агите долго не смееја да излезат од кулата, та ништо не презедоа да се спречи пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но Беличот, кој што бргу ја оцени ситуацијата, гледајќи дека инаку не ќе можат да се истргаат од рацете на кондуктерот, што се беше спречил во тесниот коридор на вагонот, го тргна Мечето за ракав и рече мирно, и не трепкајќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Повеќе