срамнува (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          III      Комисијата неколку дена ги обиколуваше терените околу селото, се качуваше по бреговите и планините, срамнуваше со картата, маркираше.
        
      
    
    
    
      „Злодобро“
         од Јован  Стрезовски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој се срамнуваше со скршено од првиот истрел оружје, оставено засекогаш неупотребливо и мртво.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се редат муабети за Доста, се срамнува со другите невести и моми, се пуштаа по некој и друг комплименти, некои пристојни, други пресолени, како од Мариовци.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)