средношколец (м.)
Едновремено држеше со рака исцртан дијаграм кој прикажуваше женски органи во анатомски пропорции и ја објаснуваше нивната функција и позиција на начин на медицинска сестра којашто зборува за фантазиите на средношколците на час по сексуално воспитување.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога утрината се разбудив, главата ми беше тешка како оловно ѓуле; пиев цела ноќ со Земанек во студентскиот бар, каде пристапот на средношколци им беше забранет, но Земанек и јас имавме еден пријател (брат на контрабасистот од нашето несудено џез- трио).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Павло веќе беше починат. Децата на Елени беа средношколци или студенти, сеедно!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Уште како средношколец, дивеел по нашите улици со најновите автомобили, кои во тоа време, некаде 60-тите години, беа реткост во нашава државичка, па дијаната се сметаше за врвно достигнување во технолошките процеси.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Да беше останат насамо со неа пред половина од годините што ги имаше денес, Боге веројатно ќе беше збунет како средношколец пред матурантка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)