стапне св.

стапне (св.)

Девојки млади со пастуви стари љубовта тука се купува со пари на лудиот камен спремни да стапнат ја губат и честа за станче да лапнат
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Па март штом ќе стапне со мирис на лето полето ќе вивне в зеленило сето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој не ги поштеди од својот хумор и сарказам приврзаниците на јазикот есперанто во полемиката: Есперанто е бизарна измислица и не чуди како неколку видни личности од редовите на највисоката интелигенција стапнале во оваа картонска галија да бродат сред море!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нашата војна со едната нога стапна на нивниот грклан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Оваа куќа ја наследив од еден мој близок роднина. Во нејзе стапнав кога дојдоа првите колонисти од Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И само што првите двајца стапнаа врз мостот, штицата попушти, плесна силно во водата и тие се спружија во реката со целата својата должина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Како во жарје да сум стапнал со стапалото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ ми се чини оти најпрва на лизгавицата стапна онаа моја несудена пријателка Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе појде кај својот началник, кога ќе ѝ се здодее да ме чека, ќе стапне на првиот дрвен басамак и веќе не ќе е ни агент ни копнеж по шампанско.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се чинеше како да нема никаква тежина, со која беше стапнат во таа долина: се чинеше како да ќе одлета само ако дунете малку посилно во него, како она топче од презреаното семе на глуварчето, што се раштркува на сите страни и при најмалечкиот здив на ветерот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нѐ стапнала несреќа со јарост, ќе копаме до длабока старост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мајка му, исто така сериозна и уште повеќе надмена, која како невеста си ја донела секогаш заклучената касела (од која кога ќе ѝ се подигнеше капакот избиваше еден стар и тежок здив на нафталин) и по сите килими во куќата не оставаше да се стапне со чевол, ами со чисти чорапи на измиени нозе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нема поголемо понижување од тоа бившиот дечко, после сѐ, да ми бара некои пари кои неговите родители ги уплатиле за да ме запишат на факултет кој не го сакав и на кој стапнав само двапати. Кога се запишував и кога се отпишував.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дури и манастирска пастрма му се сладела. Еднаш, ноќе на сам Велипеток, некојси калуѓер го стапнал човечето зад бочва.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога стигнавме горе, Мане нашол некои чевли па ги облеков, а на петите имаа некои потковици како на магаре, па само што ќе стапнев потковиците ќе го кренеа снегот под нозете и јас пак останував боса.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас стапнав пред неа и ја гледав возбудена и со стресена гуша. Што се случило?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некогаш прстот ќе порани, другпат ќе стапне на пошироко.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Излегувајќи за последен пат од дуќанот на својот светијован плукна на прагот и се заколна да не стапне веќе во него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сѐ ќе стапне во мирување кога ќе стигнеме во тој рационално организиран, совршен свет.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Повеќе